Свет
2. October 2020 - 19:43

Бројот на починати од коронавирус во светот надмина еден милион

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 34.622.646 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.029.719 пациенти, а оздравеле 25.773.764 луѓе.

Нови 42 заболени од Ковид-19 се откриени во Косово во изминатите 24 часа, тaка што бројката на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на епидемијата сега изнесува 15.705. Како излекувани вчера се регистрирани 54, а вкупно досега болеста ја совладале 13.731 лице. Бројката на починати како последица на заразата остана 627, откако вчера не е регистриран ниеден нов смртен случај. Актуелни носители на вирусот во Косово се 1.347 лица.

Од направени 2.412 тестови во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата, се зголеми на 1.789 лица.

Во Албанија во изминатото деноноќие направени се 1.085 тестови при што опасниот вирус е дијагностициран кај 159 лица или вкупно до сега 13.965. Во исто време регистрирана е рекордна бројка на оздравени во едно деноноќе или 265, додека почiнало едно лице во болнички услови. Во земјата до сега направено се 90.138 тестови, од вкупниот број заразени во списокот на оздравени се внесени 8.342, додека починале вкупно 389. И понатаму висока е бројката на оние на кои им е потребно болничко лекување.Моментно во двете ковид болници хоспитализирани се 202 лица.

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 226 новозаболени лица, од кои 161 во Федерацијата БиХ и 64 во Република Српска. Во истиот период пријавени се девет смртни случаи, од кои во Федерацијата БиХ – седум, а во РС три лица починале од последици од новиот коронавирус. Во БиХ од досега со Ковид-19 се заразиле 27.975 луѓе, а починале 871 човек.

Во Словенија во изминатите 24 часа пријавени се 238 нови случаи и две починати лица од последици од Ковид-19.  Од почетокот на епидемијата во Словенија инфицирани се вкупно 1.908 луѓе, од кои 154 лица починаа.

Во Бугарија во изминатото деноноќие потврдени се 263 новозаразени лица, а седуммина починаче. Во моментот во земјата има 5.477 активни случаи, од кои 857 се хоспитализирани, а 47 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во Бугарија се инфицирале 21.096 луѓе, од кои 832 починаа.

Во Хрватска за еден ден регистрирани се 333 новозаразени лица со Ковид-19 и седуммина починати пациенти. Бројот на активни случаи во земјата денеска се искачи на 1.446. Од 25 февруари до денеска во Хрватска има 17.160 луѓе се заразени со новиот коронавирус, од кои 291 починале.

Во Велика Британија во изминатите 24 часа регистрирани се 6.968 новозаболени, со што вкупната бројка на заразени со новиот коронавирус изнесува 467.146. За еден ден починале 66луѓе, со што бројот на смртни случаи се искачи на 42.268.

Во Полска во изминатите 24 часа забележани се рекордни 2.292 нови случаи и 27 смртни случаи. Досега во земјата регистрирани се 95.773 инфицирани лица и 2.570 смртни случаи.

Во Кина во изминатото деноноќие потврдени се 10 нови случаи со Ковид-19. Сите заразени се увезени случаи односно патници од странство. Од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус се заразиле 85.424 луѓе, од кои 4.634 починал од последици од Ковид-19.

САД и понатаму се на прво место по бројот на заразени и починати лица. За еден ден пријавени се 12.853 новозаболени, со што вкупната бројка се искачи на 7.507.524 инфицирани луѓе. Во изминатите 24 часа регистрирани се 252 смртни случаи, со што вкупната цифра на починати од последици од новиот коронавирус изнесува 212.912, а вкупно оздравеле 4.750.176 луѓе.

На второ место е Индија, каде во изминатото деноноќие регистрирани се 47.008 заразени луѓе и 519 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во земјата пријавени се 6.438.968 инфицирани луѓе, од кои 100.323 починале, а оздравеле 5.393.737 лица.