-->
-->
„Бритиш Ервејз“ размислува за привремено отпуштање на 36.000 вработени
-->
„Бритиш Ервејз“ размислува привремено да отпушти 36.000 вработени, јави Би-Би-Си.
Според медиумот, компанијата добила принципелна согласност од синдикатите за изведување на оваа непопуларна мерка, а двете странки работат врз деталите на договорот.
Би-Би-Си забележува дека не станува збор за отпуштање на вработените, туку тие само привремено ќе прекинат со својата работа. Во целина оваа мерка ќе зафати 80 отсто од екипажите, персоналот на земја, инженерите и службениците во централата на овој воздушен превозник.
„Бритиш Ервејџ“ на 31 март соопшти дека привремено ги запира сите свои летови од лондонскиот аеродром Гетвик поради пандемијата од коронавирусот.
На 23 март во Велика Британија беше воведен карантин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден