Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години
За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.
Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со подготвеност да се повторат грешките, доведоа до големи загуби, се наведува во извештајот на британското разузнавање.
Русите продолжуваат да акумулираат загуби во офанзивата на Донбас, додававаат британските разузнавачи во утринскиот извештај.
Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загубите во војните. Како што се акумулираат загубите во Украина, тоа ќе стане уште поочигледно, а јавното незадоволство од војната може да се зголеми, како и подготвеноста тоа јавно да се каже, се наведува во извештајот на разузнавачите од британското Министерство за одбрана.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација