Свет
5. July 2016 - 16:58

Британските конзервативци избираат наследник на Дејвид Камерон

Пратениците на британската Конзервативна партија, денеска гласаат во првиот круг од постапката за избор на наследник на Дејвид Камерон.

Во гласањето учествуваат вкупно 330 пратеници, а првите резултати ќе бидат познати вечерва, кога оној кој ќе има најмалку гласови ќе биде елиминиран од натамошното гласање.

Во трката за нов лидер на ториевците и иден премиер, учествуваат петмина кандидати- актуелни и поранешни министри . Според прогнозите на лондонските медиуми, фаворити се Тереза Меј и Андреа Лидсом.

Наредното гласање е предвидено во четврток, а потоа следниот вторник, се додека не останат само два кандидати.

Победникот ќе биде познат на 9 септември, а новиот лидер ќе биде промовиран на почетокот од октомври. 

 Тежок инцидент во Собранието на Црна Гора – Паднаа пцовки, а за малку и тепачка

Во Собранието на Црна Гора уште еднаш се случи вербален конфликт меѓу членовите на владејачката ДПС и ДФ која се одигра во манир на улично пресметување, а физичката пресметка ја спречило собраниското обезбедување.

На инцидентот му претходела расправа за учеството на црногорските војници во мировната мисија на ЕУ .

Порталот CdM наведува дека се се одвивало за време на паузата па гледачите останале ускратени за живата слика на уште едно како се наведува, скандалозно заседание на парламентот.

НАСА: Успешна проба на ракета што ќе носи луѓе на Марс

 Новата ракета која според планот еден ден ќе превезува луѓе на Марс, успешно беше лансирана од Јута, соопшти НАСА.

Тоа е втор и последен квалификациски тест за најголемата ракета во светот, и уште едно тестирање без екипаж на вселенскиот брод на НАСА „Орион“ е закажано за крајот на 2018 година.

Тестот што го изврши контракторската компанија Орбитал АТК, траеше само две минути, но доволно НАСА да добие податоци за 82 аспекта на моторот со надеж дека подоцна ќе ја одобри ракетата за летови. Таа е долга 47 метри. Според НАСА, летови на луѓе на Марс можни се од 2030 година.