Македонија
22. May 2022 - 13:17

Британски војници оштетиле инвентар во кафуле во Неготино

Тројца британски војници синоќа ги вознемирија граѓаните во центарот на Неготино со агресивно однесување.

- На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информира МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.