Британски тинејџери избодени до смрт на журка во куќа: Среде приватната забава во луксузна вила, се слушнале ужасни вресоци
Двајца тинејџери (17) се убиени во саботата вечер околу полноќ во британскиот град Милтон Кејнс. Тие се избодени до смрт во една вила, каде присуствувале на домашна журка. Се сомнева дека нивната смрт има врска со локални криминалци.
Една од жртвите, 17-годишно момче починало на самото место, а другото исто така на возраст од 17 години, од тежината на повредите починал во болница.
Денеска се објавени и нивните имиња - Бен Гилхам - Рајс и Доминик Анса.
Двајцата живееле во овој град, а соседите тврдат дека нивната смрт е поврзана со пресметка на банди.
Иан Хантер, детектив кој работи на случајот, изјави во медиумите дека околу 15-20 лица присуствувале на забавата и дека „луѓето кои се директно вмешани во ова злосторство најверојатно ги познавале жртвите“.
Тој исто така откри дека сите присутни на забавата биле повикани, односно дека немало дојдени без покана.
Според истрагата, среде журката дошло до тепачка и Бен и Доминик до смрт се избодени.
„Ја разбирам загриженоста која се јави во заедницата, но иако истрагата е на почеток, верувам дека луѓето кои учествувале во злосторството се познавале едни со други“, рече тој.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара