Британски археолог тврди дека го пронашол тестаментот на Александар Велики
Британскиот експерт Дејвид Грант тврди дека по повеќе од 2000 години ја открил последната желба и тестаментот на античкиот македонски крал Александар Велики.
Според Грант, станува збор за древниот текст познат како „Александрида“ или „Роман за Александар“, кој со векови и е познат на јавноста, но се досега се сметап за финкција. Во овој текст се наведени плановите на Александар за иднината на неговата империја, за тоа каде сака да биде погребан и кој треба да го наследи.
Историчарите досега веруваа дека „Александрида“ е политички памфлет кој е измислен и кој не ја одразува вистинската последна желбата на Александар.
Меѓутоа во својата сеопфатната студија Грант, сепак, тврди дека текстот е напишан врз основа на оригиналниот текст на тестаментот на Александар, но дека сепак е малку изменет од политички причини.
Во книгата „Потрага по изгубениот тестамент на Александар Велики“, Грант тврди дека најмоќните генерали на Александар го скриле оригиналниот тестамент, затоа што со него за наследници тој ги одредил неродениот син Александар Четврти, кој бил полу-Азиец и неговиот постар син Херакле.
Гранд наведува дека генералите не сакале престолот да им припадне на децата на Александар, туку секој од нив сакал да ја приграби власта за себе што довело и до граѓанска војна, позната ако „Војна за наследството“.
Според Грант, по смртта на Александар оригиналниот тестамент е изменет во тајност и по налог на еден од генералите поделен во форма на летоци како „доказ“ дека тој е легитимниот наследник.
Доколку Грант е во право, тоа би значело побивање на голем број академски студии од оваа тема напишани во изминативе 2000 години.
- Пропагандата и политичкиот тон на памфлетот фрлаат сериозен сомнеж на автентичноста на тестаментот, кој го знаеме како „Роман на Александар Велики“, вели Грант, додавајќи дека поради тоа тестаментот прераснал во мит. - Сепак, моите истражувања ме наведуваат на неверојатен заклучок дека, иако е изменет тој е изработен врз основа на оригиналниот тестамент на Александар Велики, истакнува Грант.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово