Британската Влада ветува дека ќе го надомести кусокот од ЕУ фондовите
Британското Министерство за финансии соопшти дека Владата ќе го гарантира одржувањето на фондовите по Брегзит од преку 4,5 милијарди фунти.
Станува збор за фондови кои се пополнуваа со средства од ЕУ, за финансирање на земјоделците, за науката и за универзитетите, како и за разни истражувачки работи и бизнисите.
Според британскиот министер за финансии Филип Хамонд, сите овие фондови, досега полнети со европски пари, сега по Брегзит ќе бидат покривани со средства од британскиот буџет.
- Владата е решена да им овозможи на луѓето да имаат стабилност и сигурност во периодот по британското заминување од ЕУ, изјави Хамонд во Лондон.
Британското Министерство уверува дека средствата од агро фондовите на ЕУ треба да пристигаат до 2020 година и тврди дека огромниот фонд „Хоризон“ од 80 милијарди евра може да се користи се додека Британија формално останува како членка на ЕУ.
На референдумот од 23 јуни Британците се определија за напуштање на Унијата, но владата во Лондон не го покренува членот 50 од Лисабонската спогодба, со кој треба да се почне со раздружување од ЕУ.
Владата на Тереза Меј инсистира дека нема да почне преговори за раздружување со ЕУ се додека Британија не биде подготвена за заминувањето.
Тоа би било по Нова година и преговорите би траеле две години, а до тогаш земјата останува дел од ЕУ, што и овозможува да ги користи и сите европски фондови.
Изјавата на Хамонд ја отфрлија владите на Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Според нивното мислење она што го ветува Лондон е премалку и тоа не може да ги задоволи потребите на трите покраини, што до сега се покривале од фондовите на ЕУ.
Ново на Сител
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски
-
На пазарот фалат над 10.000 работници, ССМ апелирира за зголемување на платите
-
Тутунарите не го предаваат тутунот