Свет
25. January 2017 - 8:56

Британската премиерка в сабота ќе ја посети Анкара

Британската премиерка Тереза Меј в сабота, на 28 јануари, ќе ја посети Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, соопшти Даунинг стрит.

Тоа ќе биде прва посета на Меј на Турција откако ја презеде должноста британски премиер во јули минатата година.

Во соопштението се наведува дека Меј и Ердоган ќе разговараат за антитерористички мерки против организации како што е Исламска држава.

Претходно, в петок Меј ќе отпатува во САД на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, по што од Вашингтон ќе замине во Анкара.