Свет
17. February 2021 - 10:26

Британската мутација на коронавирусот е откриена во 94 земји, а јужноафриканската во 46

Високозаразната мутација на Ковид-19 што се појави во Велика Британија во септември, минатата недела е откриена во уште осум земји, со што вкупниот број на земји кои пријавија британска мутација е 94, соопшти Светската здравствена организација.

Кога станува збор за јужноафриканскиот сој, тој е регистриран во уште две земји, така што бројот на земји што го откриле 501Y.V2 на нивна територија сега е 46.

Бразилската мутација – П.1 е пронајдена во уште шест земји минатата недела, а сега се наоѓа во 21 земја низ светот.