Британец тврди дека се излекувал од корона вирус со виски со мед
Дваесет и петгодишен британeц Конор Рид, наставник по англиски јазик од Ландидн, Велс, се заразил со смртоносниот коронавирус во Вухан пред околу два месеци, но тврди дека бил излекуван со „чаша топло виски и мед“.
Рид, кој последните три години живее во Кина, во последните шест месеци во Вухан, ја посети болницата на Универзитетот во Централна Кина поради тешкотии во дишењето и кашлање.
“Користев инхалатор за да ја олеснам кашлицата, и пиев варено виски со мед.
Тоа е стар лек, но се чини дека ја заврши работата. Не сакав да пијам антибиотици пропишани од моите лекари, затоа што не сакав да користам лекови – објасни тој за „Сан“.
Две недели откако беше отпуштен од болницата, дознал дека е заразен со вирусот.
Тој додаде дека британското Министерство за надворешни работи делуваше „незаинтересирано“ кога им кажал за заразата.
Тие упорно прашуваа дали сакам место во авионот за да ја напуштам земјата, а јас одговорив дека сакам да останам овде.
Јас сум жив доказ дека коронавирусот може да се победи – додаде тој.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари