-->
-->
Британец си купи руски тенк и во него откри вистинско богатство
-->
Ник Мид (55), од гратчето Хелмдон во западна Англија, си нарачал советски тенк „Т-54“, којшто го платил 30.000 фунти, и во него открил нешто исклучително вредно.
Имено, во резервоарот, механичарот и неговиот колега Тод Чембрлен пронашле пет златни прачки, од кои секоја тежи по 5 килограми. Нивната вкупна вредност се проценува на 2,3 милиони евра, пишува „Сан".
Ник и неговиот пријател всушност се надевале во внатрешноста да најдат остатоци од тенковска муниција. Среќниците се убедени дека најденото злато им било украдено од ирачките војници во Кувајт во Војната во Персискиот Залив.
Инаку, Ник е колекционер на воени машини. На својата фарма има вкупно 150 антиквитети, коишто се достапни за разгледување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија