Свет
28. April 2016 - 15:24

Британците кои живеат 15 години надвор од земјата немаат право на глас

Британските државјани, кои не живеат во Велика Британија во последните 15 години, немаат право на глас на референдумот за останување на Велика Британија во Европската унија. 

Прашањето за ова право го поставија ветеранот од Втората светска војна, Хари Шиндлер (94) кој живее во Италија, и адвокатката Жаклин Мекленан која работи во Брисел. 

Тие тврдат дека законот кој им забранува на луѓето да гласаат на британскиот референдум, по 15-годишно отсуство, го ограничува нивното право на слободно движење кое им го гарантира законот на ЕУ.