Свет
26. March 2016 - 14:02

Бриселскиот аеродром нема да биде отворен пред вторник

Бриселскиот аеродром објави дека пред вторник нема да биде отворен за патнички сообраќај, откако бомбаши самоубијци минатата недела се кренаа во воздух во просторот за чек-ин, пренесе Танјуг.

Во експлозиите на бомби на аеродромот и во бриселското метро во вторникот е убиено 31 лице.