Брисел го поздравува продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво
Во Брисел денеска ќе биде одржана нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, на која освен премиерот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе присуствува и претседателите на двете страни, Томислав Николиќ и Хашим Тачи.
- Брисел го поздравува доаѓањето на претставниците на Белград и Приштина на највисоко ниво на состанокот, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, оценувајќи дека развојот на ситуацијата изминатите денови ја потенцира потребата за зајакнување на ангажманот на двете страни.
- Развојот на настаните изминатите денови ја потенцира потребата за зајакната посветеност и ангажирање на двете страни преку дијалог, порача Коцијанчиќ во седиштето на ЕК во Брисел.
Таа повтори дека напредокот во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е од огромна важност за двете земји, за регионот и за ЕУ.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот