Свет
10. November 2016 - 9:04

Бред Пит сепак не бил насилен татко

Бред Пит не практикувал престрог и жесток однос кон својот посинок Медокс, се вели во известувањето на Агенцијата за заштита на децата во Лос Анџелес.

По разделбата на Пит и Анџелина Џоли, се појавија информации дека глумецот се однесувал грубо со момчето во приватниот  авион при рекреативен лет во септември.

Во меѓувреме, Пит првпат се појави на јавен настан без неговата поранешна поубава половина. Тој присуствуваше на премиерата на филмот „Moonlight”, чијашто продукциска куќа е неговата компанија.