Loading Video...
Свет
24. August 2019 - 16:43

Бразилската војска ќе ја спасува Амазонија од пожарите

Бразилската војска се вклучува во борбата против шумските пожари во Амазонија.

Претседателот Болсонаро одлучи да ја ангажира војската, откако меѓународната заедница се закани со  економски санкции ако Бразил не преземе поголема акција да ги заштити белите дробови на планетата.

Итна акција за борба против пожарите бараат и бразилците. Собири со порака -Спасете го  Амазон-  се одржаа и пред амбасадите на Бразил низ целиот свет. Стотици илјади хектари шума изгореа во бразилскиот дел.  

Активни се над 10 000 пожари, рекорден број ова лето.  Се верува дека најголем дел се подметнати заради обработливо земјиште. Во тоа според групите за заштита на животната средина во голема мерка допринел првиот човек на Бразил  бидејќи ги ублажил правилата за заштита на Амазонија.

И самиот  Болсонаро вчера призна дека  фармерите би можеле да ги подметнуваат пожарите.  Доколку Амазонија   биде уништена , експертите за животна средина предурпедуваат дека светот ке се соочи со катастрофа од невидени размери. Оваа пршаума создава петтина од кислородот кој го дишеме.

И покрај негодувањата на Болсонаро,  на самитот на групата седум најразвиени држави во светот кој почна денеска во францускиот град Бијариц  сепак  ќе се разговара за  огнената стихија во Амазонија.  Според истражување  на бразилската институција  која ја  следи Амазонија,од доаѓањето на Болсонаро на власт, уништувањето  на шумите  вртоглаво се зголемува.