Loading Video...
Ракомет
1. July 2019 - 16:22

Бразилецот, Хозе Гиљермо Де Толедо, е ново засилување на европскиот шампион Вардар

Актуелниот Европски ракометен шампион Вардар денеска и официјално потврди дека се засилува со уште еден квалитетен играч. 
 
Станува збор за 25 годишниот бразилски репрезентативец Хозе Гиљермо Де Толедо кој потпиша двегодишен договор, а ќе ја засили десната бековска позиција.
 
„ Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје, изјави Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар.
 
Толедо од 2014 година е во Европа, кога дојде во шпански тим Гранољерс, по сто се пресели во редовите на полскиот тим Висла Плоцк. 
 
Ова е петто засилување на Вардар не сметајќи го новиот тренер Давид Писонеро.