-->
-->
Бразил: Министерот за здравство има 48 часа за датум за почеток на имунизација
-->
Врховниот суд на Бразил му даде на министерот за здравство на земјата 48 часа од синоќа, да одреди датум за почеток на националната програма за вакцинација за борба против епидемијата на новиот коронавирус.
Десничарската Влада на претседателот Жаир Болсонаро е критикувана од државните гувернери и експертите за јавно здравје заради неподготвеноста да се справи со пандемијата и набрзина изготвениот и погрешен план.
Планот ја поставува првичната цел да се вакцинираат 51 милиони луѓе или една четвртина од населението, во првата половина на 2021 година, давајќи им приоритет на најранливите, како што се здравствените работници, старите лица и домородните заедници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна гласањето за вториот круг од локалните избори
-

Втора вечер по ред забележани дронови над белгиската воена база „Клајне-Брогел“
-

Трамп ѝ се закани на Нигерија: Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко
-

Во Берово утрово - 1 степен, максималната дневна и до 23
-

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди
-

Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови, ако не се изврши избор Владата именува повереник
-

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ
-

Скопје, Аеродром, Карпош, Центар и Шуто Оризари избираат градоначалници во втор круг
