Свет
17. April 2016 - 9:52

Бразил: Долниот дом на Конгресот ќе гласа за отповикување на претседателката Дилма Русеф

Долниот дом на бразилскиот Конгрес денеска ќе гласа за отстранување на бразилската претседателка Дилма Русеф, во момент кога јавноста во државата е гневна поради рецесијата и најголемиот корупциски скандал во државната нафтена компанија.

Доколку најмалку 342 од вкупно 513 пратеници (две третини) гласаат за отповикување на Русеф, случајот се проследува во надлежност на Сенатот.

Доколку и во Сенатот изгласаат со мнозинство импичмент, таа ќе мора привремено да ја напушти функцијата. Доколку и потоа 54 од вкупно 81 член во Сенатот гласаат за нејзино отповикување, Русеф дефинитивно ќе ја напушти функцијата, а потпретседателот Мишел Темер ќе биде претседател до крајот на мандатот – 31 декември 2018 година.