-->
-->
Браво се сели во Манчестер Сити !?
-->
Клаудио Браво голманот на шпанскиот шампион Барселона е пред трансфер во англискиот премиер лигаш Манчестер Сити, пренесуваат шпанските и англиските медиуми.
Имено, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола нема големи планови со репрезентативниот чувар на Англија, Џо Харт, кој го изостави од вчерашниот воведен меч од новата сезона против Сандерленда (2:1), по што англиските медиуми побрзаа да најават заминување на Харт од Манчестер Сити.
Манчестер Сити и Гвардиола се подготвени да и понудат на Барселона 25 милиони евра, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.
Гвардиола веќе се обиде да го доведе првиот голман на Барселона, Марк Тер Штегена, но каталонскиот тим ја одби понудата без размислување.
33-годишниот Клаудио Браво, во Барселона дојде од редовите на Сосиедад, а претходно бранеше и за чилеанскиот тим Коло Коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати