Балкан
28. јуни 2017 - 12:58

"Брату мој, ќе живееш во мене додека одам": Вака најблиските се простуваат од Жарко

Жарко Савиќ - Ченто (33) кој во понеделникот е убиен во сицилијанска ликвидација во центарот на Ниш, денес ќе биде погребан во новите гробишта во тој град. Покрај него изрешетан е и Александар Барјактаревиќ (35) викан Саша Лудак, кој подлегнал на повредите во болницата во Ниш.

Пријателите и роднините од Жарко се простуваат со некролози.

- Брату мој единствен, ќе живееш во мене додека одам. Те нема само покрај мене, но затоа ќе живееш во мене додека дишам. Те сакам најмногу на целиот свет - пишува во некрологот.

Заседата се случила кога Бајрактаревиќ дошол во суд поради завршниот збор на претресот кој се водел против него за обид за убиство и соизвршителство поради кој е неправосилно осуден на три години затвор. Жарко бил со нив да го види братот Марко кој требало да присуствува на истото тоа судење поради убиството на Марко Павловиќ (22). Судењето е одложено поради неприсуството на Марко.

Убиецот бил донесен со мотор до кафе барот Пандора каде Бајрактаревиќ и Жарко настрадале, во нив биле испукани шест куршуми.

Опелото за Жарко ќе биде во 14:30, а на вечното почивалиште ќе биде испратен во 15 часот.

Денес до вечното почивалиште ќе биде исратен и Бајрактаревиќ.