-->
-->
Брамерц најави жалба на Хашкото обвинителство на пресудата за Шешељ
-->
Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц денеска изјави дека Обвинителството одлучило да се жали на пресудата за Воислав Шешељ, пренесе Танјуг.
Во соопштението на главниот обвинител се истакнува дека одлуката за жалба е донесена откако биле анализирани причините за ослободителната пресуда која во пишана форма ја достави судскиот совет.
Хашкиот трибунал на 31 март го ослободи лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ по сите девет точки од обвинението, кои го товареа дека со говор на омраза ги поттикнувал и поддржувал воените злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина во текот на воените судири и протерувањето на Хрватите од Војводина.
Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција