Браќа близнаци од Битола мамеле во тандем
СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата З.Л. (44) и З.Л. (44), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“.
Пријавените во периодот од 15 до 25.04.2013 година стапиле во контакт со лицето Г.Н. од Битола и го довеле во заблуда дека можат да му обезбедат словенечка патна исправа, лажно прикажувајќи дека биле блиски со словенечката амбасадорка во Белград. За тоа примиле и 5.500 евра од оштетениот.
Пријавените, исто така, на 13.05.2014 година го довеле во заблуда лицето Д.Ж. од Демир Хисар дека можат да му обезбедат визи за Австралија, прикажувајќи дека биле во блиски односи со лица од Белград кои посредувале за добивање автралиски визи.
За таа услуга пријавените примиле 10.000 евра и уште 5.500 евра за дополнителни трошоци.
Ново на Сител
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ
-
Силен ветар предизвика штети во Битола
-
Меѓусебна соработка за справување со корупцијата
-
Андовски: Граѓаните навреме да ги откажуваат термините за снимање за да не се создаваат листи на чекање
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз