Македонија
16. March 2016 - 16:23

Божиновски - Никаде во свет министерот за полиција не застанува контра полицајците како што направи Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како да не знае каде се наоѓа и која е неговата функција, па затоа прави непромислени потези. Никаде во светот министер за полиција не застанува контра полицајците како што вчера направи Спасовски во текот на протестите против Уставниот суд, каде што беше во првите редови.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, во изјава за порталот Телеграф нагласува дека повеќе од јасно е дека вчерашните протести биле организирани од СДСМ, иако опозицијата се обидуваше да се скрие зад некакви невладини организации.

-Оливер Спасовски очигледно не е свесен дека е доведен, до изборите, да ја извршува функцијата технички министер за внатрешни работи. Никаде не се случило првиот човек на полицијата да оди против своите вработени или да оди да го наруши јавниот ред, зашто тој е задолжен да го чува. СДСМ ги користи сите шанси за интензивирање на кампањата и ќе бара начин како да ги одложи изборите. Нејасно е зошто се прават овие протести. Уставниот суд е институција која самостојно ги носи одлуките. И во минатото имало одлуки на Судот кои на граѓаните не им се допаѓале, па не се организирале протести, смета Божиновски.

Ваквите чекори на претставниците на опозицијата значат уривање на институциите на РМ одвнатре, смета генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски.

Експертите се согласни дека ова е обид за насилно уривање на уставниот поредок на државата, организиран токму од страна на опозицијата.