Божиќно послание на Владиката Повардарски Агатангел

Владиката Повардарски Агатангел од седиштето на Епархијата Повардарска во Велес наспроти големиот христијански празник Божик упати Божикно послание до свештенството и православните верници
–Почитувани отци и верни чеда на Македонската православна црква, односно Повардарската епархија, ситуацијата во која се наоѓаме бара од нас, како свештенослужители и работници на Господовата почва, одговорно и совесно однесување. Пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 создаде многу здравствени проблеми, однесе многу животи и времено го промени нашето секојдневие. На никој од нас не му е сеедно во овие тешки времиња, но нашиот одговор, како во секоја Богомдарувана животна ситуација е важен. Бог благоизволи, Ние, свештенослужителите да го сведочиме Словото, но да не заборавиме дека Бог ја осветува и просветлува секоја жива твар, па така сите останати професии се Божјо создание и допуштение. Во овие здравствено-кризни моменти, целата медицинска фела е на браникот на борбата за зачувување на општонародното здравје, затоа Ве повикувам безусловно и неколебливо да им помогнеме на сите нив, да истраат во нивната борба за сите нас. За да им помогнеме треба неколебливо да ги следиме сите препораки и совети дадени од нивна страна. Се друго во овие моменти е противење на Божјата волја, порача митрополитот Повардарски Агатангел.
Додаде дека е неразумното мудрување и надмудрување со работи кои не ги разбираме, и кои можат да нанесат само уште поголема штета.
– Уште еднаш апелирам до сите, да се однесуваме совесно и одговорно во овие моменти. Крајот на оваа криза се надѕира, но сеуште не е се готово, бидејќи се зависи од нас, порача митрополитот Повардарски Агатангел.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
