Loading Video...
Кошарка
14. May 2018 - 9:35

Бостон со убедлива победа поведе со 1-0 во источното финале против Кливленд

 
Кошаркарите на Бостон на убедлив начин поведоа со 1-0 во победи против Кливленд во финалето од Источната конференција.
 
Селтикси уште во првата четвртина ја најавија победата откако по 12.минути остварија 18 поени предност  (36-18), а на полувремето веќе да водат со 26 поени разлика (61-35).
 
Во вториот дел само рутинирано ја одржуваа предноста за на крајот за остварат победа со конечни 108-83.
 
Тројца играчи кај домаќините се издвоија со бројот на постигнати поени, Браун уфрли 23 и Морис 21, а Ал Хорхорд придодаде 20 поени.
 
Кевин Лав со 17 поени беше најефикасен кај гостите за кои Леброн Џејмс постигна 15 поени.
 
И следниот меч во серијата подобар до четири победи се игра во Бостон, во среда во 2 часот и 30 минути по полноќ.