Loading Video...
Кошарка
22. April 2019 - 16:38

Бостон прв полуфиналист во НБА плејофот, Торонто, Портланд и Голден Стејт на чекор до следната рунда

Екипата на Бостон е првата која обезбеди место во конференциското финале од НБА плејофот. „Селитикси“ со максимални 4-0 во победи во првата рунда го минаа составот на Индијана, откако синоќа на гостински терен забележаа триумф со 110-106. 
 
Една победа од пласман во следната рунда  ги дели и екипите на, Торонто, Портланд и Голден Стејт, тимови кои имаат водство од 3-1 во победи во дуелите со своите противници. 
 
Шампионот Голден Стејт во Лос Анџелес беше подобар од Клиперси со 113-105. За перфектна ноќ на гостинските екипи се погрижија и Торонто кој во Орландо славеше против „Магичните“ со 107-85, како и Портланд кој со 111-98 ги победи „Тандерси“ во Оклахома Сити. 
 
Ноќеска, по полноќ, на програмата се четвртите дуели меѓу Детроит и Милвоки, односно Јута и Хјустон, средби во кој гостите влегуваат со предност од 3-0 во победи, па со евентуален нов триумф „Бакси“ и „Рокетс“ ќе обезбедат пласман во конференциското полуфинале.