Бошњаковски: Историски момент за двете земји, за Балканот, но и за Европа
Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА.
- Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го држеше назад целиот регион. На прагот сме да го решиме и верувам дека сѐ ќе се одвива нормално во имплементирањето на договореното до крајот на декември, вели Бошњаковски во пресрет на денешното потпишување на договорот во Преспа, меѓу Македонија и Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето дали од денес започнува нов ден, владиниот портпарол вели дека со почетокот на преговорите почнаа нови денови.
- Многу малку луѓе веруваа во преговорите како што веруваа премиерот Ципрас и премиерот Заев. Покажаа силна волја и посветеност за напредокот во преговорите, кога многу малку луѓе и во двете земји беа оптимисти дека ќе постои решение. Сега имаме договор што секако е компромис и веројатно не е прифатлив за сите во двете земји, но е целосно прифатен од прогресивните демократските сили кои во моментов го водат Балканот кон економски напредок, вели Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона