Македонија
5. October 2016 - 11:06

Босанската амбасада организира „Дружење со пријателите“

Дружење со пријателите” е насловена манифестацијата која вечер од 20 часот во организација на Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија ќе се одржи во Македонскиот народен театар.

Како што информира Босанската амбасада, настанот ќе го отвори амбасадорката на БиХ Лепа Бабиќ, а потоа на малата сцена на МНТ ќе настапи актерот Небојша Кундачина со стихови од поетите Алекса Шантиќ и Јован Дучиќ, како и сараевската група „Диванхана“ која ќе изведе босански љубовни песни-севдалинки. 

 

На настанот е најавено присуство на Младен Иваниќ, член на Председателство на Босна и Херцеговина од Република Српска и претставници од македонските државни и културни институции.