Фудбал
21. December 2019 - 12:00

Борусија го губи шампионскиот здив

Трет пораз во серија во Бундес лигата на „милионерите“ од Дортмунд. Овојпат Борусија загуби со 2-1 на гостувањето во Хофенхајм. 
Интересно гостите по првиот дел имаа водство од 1-0 со погодокот на Геце но во второто полувреме целосен пресврт и победа на Хофенхајм со головите на Адамјан и Крамариќ. Со овој пораз тимот од Дортмун загуби значајни бодови во битката за титулата во германскиот шампионат.