Loading Video...
Фудбал
13. August 2022 - 10:33

Борусија Дортмунд со пресврт во вториот дел го победи Фрајбург

Со пресврт во второто полувреме фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа победа на гостувањето кај Фрајбург со 3-1 во воведниот натпревар од 2.коло на германската Бундес лига. 
 
Иако домаќините со голот на Грегорич во 35.минута го добија првиот дел, сепак во вториот „милионерите“ постигнаа три гола. 
 
Серијата ја отвори, Биное-Гитенс во 77.минута по асистенцијата на 17-годишниот Мукоко кој седум минути подоцна го постигна вториот гол, а третиот беше дело на Волф во 88.минута, за втора победа на Дортмунд на стартот на новата сезона