Ракомет
18. April 2018 - 11:39

Борозан останува во Вардар до 2020

 
 
Еден од најатрактивните ракометари во светот секако е Црногорецот Вуко Борозан кој според полскиот портал „ВП спортове факти“ веќе договорил трансфер во полскиот шампион Кјелце иако има валиден договор со европскиот шампион до 2020 година.
 
24-годишниот Борозан во македонскиот клуб се трансформираше во еден од најдобрите играчи на светот, а лани со Вардар ја освои и европската титула. Според полските извори, трансферот ќе почека до 2020 година бидејќи Сергеј Самсоненко веќе ги исплатил парите.
 
Менаџер на Борозан е Саша Братиќ, кој исто така ги застапува интересите на Лука Циндриќ, кој веќе има билет за Полска. Двајцата ги започнаа кариерите во хрватскиот Карловац, а потоа играа и во Металург.