Борисов: Во претстојното претседателство со ЕУ, Бугарија може многу да направи за Балканот
Високо ги ценам напорите на Бугарија, која уште не е членка на Шенген, а покрај тоа многу јасно ја контролира бугарско-турската граница и ги чува надворешните граници на Европската Унија. Бугарија го заслужува нашето признание, изјави германскиот канцелар, Ангела Меркел, по својата средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Берлин, се наведува во сооштението објавено на сајтот на Министерскиот совет.
Меркел ја пофали Бугарија за постигнатите успеси во однос на борбата со шверцот на мигранти и подвлече дека таа го подобрила чувањето на границата со Турција, јави БТА.
„Тоа е голема одговорност и тежина за Бугарија и во таа смисла сакаме вашата земја да стане членка на Шенген“, коментира Меркел.
Според германскиот канцелар, Бугарија има важна улога за стабилноста во регионот на Западен Балкан.
„Ќе дадеме надеж за перспектива и ќе ги поддржиме овие земји, бидејќи и другите политички партнери, исто така, се заинтересирани да имаме добри односи. Сакаме јасно да се разбере дека нашата поддршка на Западен Балкан нема да се промени“, подвлече таа.
Ангела Меркел акцентот го стави врз подготвеноста на нејзината земја да ја поддржи Бугарија за претстојното претседателство со Советот на ЕУ, на почетокот на 2018 година., а премиерот Борисов ги истакна можностите кои претседателството ги нуди за активирање на процесот на приклучување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
- Благодарение на својата географска положба и своето претстојно претседателство со ЕУ во текот на следната година, Бугарија може да направи многу нешта, со кои ќе му помогнеме на Балканот. Тоа се совпаѓа и со плановите на Берлин. Сакаме да дадеме европска перспектива на обичните луѓе на Балканот, забележа бугарскиот премиер.
Тој уште посочи дека ќе ги вложи сите напори за нормализирање на односите меѓу ЕУ и Турција.
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно