Борисов: Стабилна Бугарија е попривлечна и интересна за светот
Отсекогаш сим велел дека стабилноста во Бугарија ја прави земјата многу поатрактивна и поинтересна во светот, наведе бугарскиот премиер Бојко Борисов, по средбата со саудискиот крал Салман и неговиот син, престолонаследникот Махамед бин Салман во Ријад.
- Ветувам дека средбата ќе има реални резултати. Ние сме познати по тоа дека ги исполнуваме нашите ветувања, посчи Мохамед бин Салман, кој е вицепремиер и министер за одбрана на Саудиска Арабија.
Борисов, од своја страна, нагласи дека, сите заедно постигнувајќи стабилност, даваме можност да се заинтересираат за нас во сферата на инвестициите, во борбата против тероризмот, екстремистичките движење и перењето на пари.
- Слушнете ги претставниците на Владата на Саудиска Арабија и престолонаследникот Мохамед бин Салман, тие сакаат да дојдат во Бугарија и да инвестираат во сферите на земјоделството, индустријата, хемиската индустрија, фармацијата и најмногу во туризмот, потенцираше Борисов.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк