Живот
9. May 2017 - 11:35

Борисов испрати авион по повредениот бугарски каратист

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го испрати владиниот авион „Спартан" во Белград, по бугарскиот каратист Тодор Субев кој се повреди за време на меч во Суботица.

Како што пишува „Стандарт“, Субев (24) се здобил со сериозна повреда на главата во борба со 30 килограми потежок ривал од Романија. Некои бугарски медиуми пренесуваат и дека имал излив на крв во мозокот.

Засега, спортистот е во свесна и стабилна состојба, и е вонживотна опасност, јавува БТА.