Македонија
15. November 2018 - 16:18

Борисов и Заев констатирале напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија по договорот за добрососедство

Интергацијатана Македонија во НАТО и  во ЕУ ќе биде од полза не замо за земјата тукуи и за  Бугарија, како и за целиот регион, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со македонскиот колега Зоран Заев во Софија.

Вистински се надевам и во делот НАТО и Европска Унија нашите соседи ќе станат наши партнери во овие две организации, бидејќи тоа е добро за Македонија, добро е и за нас.

Вистински се надевам дека ќе биде решен и проблемот со името меѓу Грција и Македoнија за да може да биде направена поврзаност меѓу сите земји во регионот во секоја сфера - историја, култура, образование, патна железничката, дигитална инфраструктура и да дадеме можност на нашите народи да прават бизнис, да патуваат, да одат во туризмот и подобро да се запознаат.

Заев ги оцени билатералните односи како исклучително добри. Премиерот е задоволоен од имплементацијата на сите точки од догворот за добросеседство, но и од економската соработка мегу двете земји

Трговската размена се проценува на околу 500 милиони евра, а целта е наскоро да достигне милијарда, посочи македонскиот премиер.

Двајцата премиери догворија и заедничка седница на вла дите на МАкедонија и Бугарија  на  почетокот на декември,  што ќе се совпадне со пуштањето во употреба на дел од автопатот  „Струма“ меѓу Кресна и Сандански.