Борисов: Бугарија испраќа војници на границата со Грција
Бугарија ќе испрати повеќе од 400 војници и други припадници на безбедносните сили да ја чуваат нејзината граница со Грција, поради опсаност дека протокот на мигранти долж балканската маршрута ќе се зајакне со затоплување на времето, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- Стотици луѓе, повеќе од 400, од редовите на војската, паравоената полиција и полицијата, ќе останат тука, истакна Борисов по вежбите на безбедносните сили во кои учествувале хеликоптери и оклопни возила на грчката граница во близина на Македонија.
Како што додаде бугарскиот премиер, уште 500 припадници на безбедносните сили би можеле да бидат мобилизирани во рок од неколку часа доколу е потребно.
Бугарско-грчката граница е долга 470 километри, која главно ја сочинуваат планини, а само една третина би можела да биде проодна за мигрантите.
Минатиот месец бугарскиот Парламент и дозволи на војската поголеми овластувања да може да помогне во заштита на границите на Бугарија, додека претходно војниците можеле само да даваат техничка и логистичка поддршка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација