Свет
18. July 2016 - 13:48

Борис Џонсон: Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека Велика Британија нема да ги напушти пријателите во ЕУ, ниту да го повлече своето присуство во европската политика.

Во текот на својата прва посета на Брисел, како шеф на британскиот Форин Офис, Џонсон, според лондонските медиуми, се заложил за „координиран одговор“ на тероризмот, како и дека би сакал да види „воздржаност и умереност“ од сите страни во Турција, по неусешниот обид за воен удар.

Во Брисел Џонсон учествува на средбата на министрите за надворешни работи од ЕУ, на која главни теми се тероризмот по нападот во Ница и случувањата во Турција по неуспешниот пуч.

Нема да има формални разговори околу британското напуштање на ЕУ, но медиумите во Лондон ја истакнуваат воздржаната атмосфера во Брисел, затоа што на иста маса се најдоа 27 шефови на дипломатијата од ЕУ со британскиот министер кој минатиот месец, јавно, ги обвини дека имаат амбици да формираат „супер држава’ по углед на замислите на Адолф Хитлер.

Британските медиуми ја пренесуваат изјавата на францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро за тоа дека Велила Британија би требало, што е можно побрзо, да го заочне прцесот на повлекување од ЕУ, објаснувајќи го тоа со потребата да се сречи Унијата да се најде во неизвесност.

Ајро имал средба со Џонсон и првите разговори ги опишал како „корисни и искрени“.

Шефот на француската дипломатија смета дека Франција и Велика Британија и натаму ќе имаат билатерални односи, посебно во одбраната и околу миграцијата, врз основа на договорот од Ла Туке, од 2003 година, за Кале.

Борис Џонсон се очекува да има средба и со американскиот државен секретар Џон Кери.

На своето прво патување за Брисел, како шеф на дипломатијата, Џонсон задоцни за синоќеѓната вечера кај високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, затоа што имал проблеми со неговиот авион кој морал принудно да атерира.