Борел: ЕУ не гледа причина за евакуација на своите дипломати од Украина
ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина, бидејќи не гледа причина за тоа и очекува објаснување од САД за потегот, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
– Сè уште нема единствен предлог за санкции од ЕУ, но се разгледуваат неколку опции. За нив во моментов се преговара меѓу институциите и земјите на ЕУ, рече дипломатот.
Сепак, тој додаде дека во случај на агресија врз Украина, Унијата „ќе може да воведе санкции кон Русија во рок од неколку дена”.
САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на семејствата на вработените во Амбасадата во Украина, повикувајќи ги сите американски граѓани да размислат за заминување поради заканата од руска воена акција.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволното заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев поради континуираната закана од руска воена акција”.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна