Loading Video...
Фудбал
21. September 2019 - 17:14

Борец и Работнички одиграа без победник 1:1

Со натпреварот меѓу Борец – Работнички кој се одигра попладнево, беше отворено 7.коло во ПМФЛ
 
• СПОРТ фуд мкд ТОНСКИ 
Потпис: Борец и Работнички одиграа без победник 1:1
• ТЕЛОП – ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 
 
Дуелот одигран во Велес, во кој се сретнаа двете последно рангирани екипи на табелата, Борец и Работнички заврши без победник 1:1. 
 
Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Уште во 13-тата минута гостите поведоа со голот на Колумбиецот, Александер Борха Кордоба. 
 
Домашната публика не чекаше долго да се израдува. Само десет минути подоцна (23), Ѓорѓи Ѓорѓиев ја донесе посакуваната радост и со прекрасен гол го израмни резултатот на 1:1, што на крај се покажа и како конечен резултат на мечот. 
 
Со по еден освоен бод двете екипи остануваат во долната зона од табелата.  Работнички сега има 7 бодови и е на осмото место пред Силекс со шест но и натпревар помалку, утрешниот со Вардар, додека Борец е последен десетти со 5 освоени бодови. 
 
Утре на програмата се преостанатите четири средби од ова 7-мо коло, а двојките се:    
ВАРДАР   - СИЛЕКС
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ -  ШКУПИ
ШКЕНДИЈА   - СТРУГА ТЛ
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П   - РЕНОВА
 

ТАБЕЛА: 
 

1

Академија Пандев

14

2.

Вардар

13

3.

Македонија ГП

11

4.

Шкупи

8

5.

Струга ТЛ

8

6.

Шкендија

7

7.

Ренова

7

8.

Работнички

7

9.

Силекс

6

10.

Борец

5