Кошарка
4. January 2016 - 10:35

„ Борче“ ќе игра за Лимож

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, до крајот на сезоната ќе настапува во дресот на францускиот шампион Лимож.
 
„Се работи за квалитетен играч кој бргу се адаптира на новата средина. Својот квалитет и талент го докажа во дресот на македонскиот национален тим. Тој е еден од најдобрите разигрувачи на Стариот континет“, објави Лимож на својата официјална интернет страница.
 
Мекејлеб има настапувано за Мерсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен. На почетокот на оваа сезона тој немаше клуб, се обиде во претсезоната да се избори за договор во Њу Орлеанс но не успеа.