Џет-Сет
24. February 2018 - 10:36

Бора Чорба итно пренесен во болница - Откажани сите концерти

Познатиот српски пејач Бора Ѓоргевиќ, познат како Бора Чорба, заврши во болница со скршени ребра, а своите фанови за тоа ги извести преку социјалните мрежи.

Имено, Бора требаше да настапува на еден фестивал во Крагуевац, но концертот мора да биде откажан.

„Драги пријатели, навивачи на Рибља Чорба од Крагуевац, имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека мора да го поместите концертот затоа што повторно се повредив и повторно скршив некои ребра. Добрата вест е дека ќе дојдеме во Крагуевац веднаш штом се оправам и ќе бидеме подобри од било кога. Се гледаме на концерт“ порача Бора.