Џет-Сет
11. May 2016 - 11:54

Бон Џоуви отвори центар за помош на гладните во Њу Џерси

Американскиот рок музичар, Џон Бон Џоуви отвори Центар за помош на гладните во крајбрежниот град Томс Ривер во американската држава Њу Џерси.

Томс Ривер во 2012 година претрпе огромна штета кога ураганот „Сенди“ го погоди источниот брег на САД.

Бон Џоуви кој е роден во Њу Џерси. го отвори заедно со членовите на неговата хуманитарна фондација, Центарот насловен B.E.A.T. (Bringing Everyone All Together), каде најсиромашните жители на Томс Ривер ќе можат да добијат храна, медицинска помош и совети за подготвување оброци, а ќе бидат обезбедени и оброци за загрозените деца и стари лица.

Во центарот ќе работи и ресторан на фондацијата на Бон Џоуви, каде гостите ќе донираат најмалку десет долари или сами ќе си подготвуваат оброци.

Населението и понаму ги чувствува последици од разорнувањата што ги предизвика ураганот, а многумина немаат што да јадат, рече Бон Џоуви.