Македонија
30. July 2015 - 16:09

Бомба кашикара експлодира пред СВР во Аеродром

Десет минути по полноќ во дворното место на СВР Скопје експлодирала кашикара. Непознато лице кое пеш пристигнало до објектот ја фрлило рачната бомба и побегнало. Оштетени се три позорци на секторот за внатрешни работи, и неколку автомобили кои се наоѓале на паркигот веднаш до објектот. За среќа нема повредени. Полицијата ја исклучува можност овој напад да е поврзан со претходните во полициските станици во Тетово и Куманово. Во претходните напади се работело за друг вид на експлозив велат од МВР.

Во непосредна близина на СВР – Скопје е и воениот базен,  и голем број на станбени објекти. Среќа е што експлозијата била во доцните вечерни часови велат жителите на околните згради бидејки токму овде имало голем фркфенција на луге.Полицијата ги проверила безбедносните камери поставени на објектот, соберени се и доказите од лице место и се трага по лицето кое ја фрлило рачната бомба.