Болсонаро го одобри законот за задолжително носење маска на јавни места
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој досега постојано е критикуван за неговиот став кон пандемијата на коронавирусот, го одобри предлог законот со кој се бара задолжително носење заштитни маски на јавни места.
Тој, меѓутоа, стави вето на членот од законот што бара тоа да биде неопходно и во продавниците, црквите и училиштата, објаснувајќи го неговиот став со објаснувањето дека усвојувањето на таквата одредба може да доведе до кршење на правата на сопственост.
Покрај тоа, тој го искористи своето право на вето и во случај на членот што го утврдува делењето заштитни маски за сиромашните.
Болсонаро се уште не ја признава сериозноста на ситуацијата предизвикана од пандемијата во неговата земја, иако со 1,5 милиони заразени и 61.884 смртни случаи од Ковид-19 Бразил се наоѓа на второто место во светот според двата статистички параметра, наведува Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци на Институтот Џон Хопкинс.
Предлог-законот беше усвоен од страна на Претставничкиот дом на бразилскиот Конгрес и во рок од 30 дена Конгресот може да ги поништи решенијата за ветото на Болсонаро со апсолутно мнозинство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица