Болните од КОВИД-19 ќе се примаат во модуларната болница, на Инфективна нема место
Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера за хоспитализација и третман на пациенти со КОВИД-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.
Министерството за здравство соопшти дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со КОВИД-19.
Тоа во изјава го потврди и министерот Венко Филипче кој соопшти дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар – доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8 Септември“. Појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да не трпат останатите одделенија и здравствени работници.
Здравствениот систем е подготвен, но од Министерството за здравство апелираат до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација