Македонија
26. July 2019 - 22:49

Болните од Хепатит Б очекуваат дека за брзо ќе биде ставен лекот на позитивната листа

Болните од Хепатит Б очекуваат дека за брзо ќе биде ставен лекот на позитивната листа. Заради бирократски работи лекот се уште не е донесен во државата, велат од Хепар Центарот од Битола.

-Ни беше најавено дека ќе имаме одговор до пред Светскиот ден на Хепатитот, но се случи заради технички работи, бирократски и системски законски решенија кои треба да се променат, не е донесен тој лек во Македонија и се уште не е на позитивната листа. Очекуваме наредните денови министерот за здравство да се изјасни за оваа проблематика дали овој лек наскоро ќе биде достапен за сите пациенти со хроничен Хепатит Б. Останува исто борбата понатаму да се стави на листа и скапиот лек за Хепатит Ц. Позитивна работа која може да се истакне е дека Македонија доби донација за околу 300 пациенти со Хепатит Ц, изјави Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола. 

Хепар Центарот заедно со Центарот за јавно здравје Битола започнаа активности за Светскиот ден за борба против Хепатитот, 28 јули, за да ја подигнат свеста за опасностите од оваа болест.

- Хепатитис Б и Ц се втора најзаразна смртоносна болест после туберколозата. На глобално ниво, 9 пати повеќе лица се заразени со Хепатитис во споредба со ХИВ. Фактот дека имаме достапна и ефикасна вакцина против Хепатитис Б, а и новите лекови против Хепатититс Ц е добар показател дека во блиска иднина може да се достигне елиминација на Хепатитот, вели Др- Светлана Попова кљусева, Центар за јавно здравје Битола. 

Согласно законот за заштита на населението од заразни заболувања, хепатитот е болест која задолжително подлежи на пријавување од јавните и приватните здравствени установи.