Спорт плус
20. September 2016 - 16:55

Боксерска федерација: Досега не се памети мерка која толку ќе му помогне на боксот во Македонија

Една од мерките кои вчера ја најави Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е издвојување до 700 илјади евра годишно од буџетот со кои ќе бидат финансирани спортви кои немаат свои лиги, а првата од нив е веќе најавена во боксот.

 Формирањето на лига ќе изроди квалитет кој потоа ќе овозможи негово самостојно финансирање. 

За цел формирање на лигата ќе се организира квалификационен турнир од страна на Агенцијата за млади и спорт на сите клубови кои ќе се пријават, при што најдобрите 8.тима ќе влезат во прва лига, а вторите 8 во втората лига. Лига ќе започне да функционира од септември 2017- година. 

Во однос на директната поддршка која ќе се доделува боксерите во првата лига директно ќе се плаќаат од Агенцијата за Млади и Спорт, а првичните замисли се секој боксер за остварена победа да добие 350 евра, за нерешен резултат двата боксери ќе добиваат по 200, за поразениот ќе добие 150 евра. Премиите во Втората лига ќе бидат помали за 30% . Предвидени се и финансиски средства за тренерот по 200 евра од меч, помошникот тренер 100 евра, како и за целокупниот пратечки персонал, лекари, делегати и судии при што и овие износи не се финални, и ќе бидат дел од јавната расправа. 

Клубот кој ќе ја освои шампионската титула за ќе биде награден со 20 илјади евра, додека вице-првакот ќе добие 10 илјади евра награда. 

Воедно сите клубови еднократно ќе добијат најнеопходна професионална опрема. 
Ќе се формира и македонска боксерска репрезентација која ќе има мечеви со репрезентации од други држави и ќе се бори за места на меѓународни првенства, а за оваа цел веќе се утврдени средства во планираниот буџет од министерството за финансии за 2017-та.

Втор спорт за кој има размислување да се поддржи формирање на лига е карате за жени и мажи и тоа со почеток од септември 2018.та, а во наредните години ќе се продолжи со поддршка на други спортови кои немаат свои лиги.