Loading Video...
Спорт плус
29. March 2020 - 19:56

Боксерите Јанески и Љама се вратија од Лондон и се во карантин

Македонските боксери Гоце Јанески и Јасин Љама конечно се вратија во Македонија по продолжениот престој во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ. 

Обајцата поради бројните блокади на аеродромите и откажувањето на летовите беа приморани да чекаат заедно со голем број наши сонародници  на аеродромот во Лондон. 
Телефонски разговаравме со Гоце Јанески кој ни изјави дека заедно со Љама се чувствуваат добро и немаат симптоми на опасниот вирус но ќе останат во карантин во хотелот Ибис во Скопје по што доколку се е во ред ќе заминат кај своите најблиски.